Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во своето гостување во „Еспресо со Златев и Боцевски“ говореше за тоа што се случува со францускиот предлог за решавање на спорот кој Македонија го има со Бугарија и потенцираше кога станува збор за сето ова власта не комуницира никако со опозиција за овој проблем.
-Претседателот на Влада, претседател на држава и прв човек на дипломатија, комуникацијата со опозицијата и воопшто комуникацијата со народот изостанува, тоа е вон очите, и тоа се држи вон очите постојано. На сите предупредувања, на сите подавања рака, на се она што се вели дај да изградиме заеднички став, тоа е одбиено, рече тој.
Во врска со сето ова Стоилковски рече дека првиот човек на дипломатијата Бујар Османи не треба да дозволи други да ја кројат судбината на Македонија.
-Знаете што е трагично, што јас читам во изјавата. Бујар Османи не знае, вели нека се договорат па ние ќе ја коментираме, па ти не си коментатор, за тебе се работи. Условно кажало играат Нов Зеланд и Австралија па ти коментираш, за тебе се работи, не може други да ти ја кројат судбината, додаде Стоилковски.