Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Еспресо со Златев и Боцевски“ зборуваше за протестот кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи утре во 20 часот пред Влада и укажа дека овој протест ќе се организира затоа што ова што го прави власта не се издржува и дека е премногу.

-Утре Македонија протестира. Утре ВМРО-ДПМНЕ организира протест кој е изнедрен од незадоволството во Македонија, тоа е нешто кое што го чувствуваме на терен меѓу луѓето, насекаде на улици , во автобусите, на пазари секаде каде што се појавуваме или не има. Еве јас лично можам да споделам искуства дали на семафор чекајќи пеш, или со велосипед како што луѓе приоѓаат и велат дајте луѓе ова веќе не се издржува, премногу е. И оттука излезе она мото на протестот, истакна Стоилковски.

Портпаролот Стоилковски во текот на своето гостување посочи дека на утрешниот протест ќе бидат изнесени пораките зошто и се организира протестот односно тоа е дека народот бара промена за сето ова што се случува.

-Пораките ќе ги слушнете утре, секако нема да биде подалеку од она што е причина за најава, тоа се сите оние целосни девастирања. Можам да кажам дека ова ми е втора транзиција која ја преживувам откако сум роден. Многу често „се шегувам“ тоа е една црна -темна шега кога велам уште бонови за бензин фалат или за масло, за брашно, за шеќер и како да го предвидувам и тоа доаѓа, еве има редови пред бензинските пумпи исто како во 1993/1994, имаме празни рафтови како кога пропаѓаше Југославија. Главното барање на граѓаните е промена, мора да има некаква промена, мора да има нешто да се случува како реакција на ова што ја навјаса Македонија. Тука има само голо седење и сега ќе гледаме како пожар кој што наидува, и го имате Стојанче со гранчето. Тоа е описот на оваа ситуација, додаде тој.