Стојанче Ангелов на денешната владина седница, последна пред летните одмори е именуван за директор на Центарот за управување со кризи. Тој досега беше в.д директор како и најголемиот број директори на институциите.

Пред пет дена Ангелов на Твитер каде е прилично активен, го објави Јавниот оглас што го распиша Владата за избор на директор на институцијата со која тој раководи како вршител на должност.

Но, само неколку дена по твитот, Ангелов се најде под жестоки критики на јавноста за реакцијата на иституцијата со која раководи за пожарот кај Кочани и за несервисираните канадери кои не се употребливи.

На прес-конференцијата вчера, Ангелов, одговарајќи на прашањето за понесување на одговорност, тој порача прво да се изгаснат пожарите, бидејќи целата република гори, а доколку се утврди негова одговорност, тогаш ќе поднесе оставка и како што вели ќе замине од државата, ако не ќе бара извинување од новинарите.

– Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава. Ако се утврди спротивното, ќе побарам извинување од сите новинари кои ме нападнаа и мојата мајка мораше да ги слуша сите тие работи. Земете истражете, не пишувајте шпекулации“, рече тој и додаде дека штетата предизвикана од пожарите е материјална и таа ќе биде надоместена, најважно е што нема ниту повредени, ниту жртви, рече тој и додаде дека штетата предизвикана од пожарите е материјална и таа ќе биде надоместена, најважно е што нема ниту повредени, ниту жртви.

Од опозицијата најавија дека ќе поднесат кривични пријави за ненавремено спречување на пожарот кај Кочани, а покрај името на премиерот Зоран Заев го споменаа и директорот на Ангелов.