Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината.

– Нивната пожртвуваност и професионалност нема да останат заборавени, напиша вицепремиерот Љупчо Николовски на фејсбук.

Тој изрази благодарност кон сите професионалци, волонтери, граѓани и институции кои несебично учествуваа во безмилосната борба со огнот и порача дека мораме да останеме тука едни за други секогаш кога е потребно.