Пратеничката Дафина Стојаноска беше во посета на населените места на територија во општина Демир Хисар, Загориче, Стругово, Белче каде што за жал и граѓаните на овој преубав крај на Република Македонија зборуваат за истите проблеми кои што ја тиштат цела држава.
Таа посочи дека еден од поактуелните проблеми е тоа што Република Македонија ја раководи едно криминално дуо, предводено од поголемиот прат ДУИ и помалиот послушен брат, Социјалдемократскиот сојуз.
Граѓаните се свесни дека на грбот на нивната сиромаштија, ова криминално дуо се богати, тоа на грбот на речиси половина милион граѓани на Република Македонија кои што живеат со по 150 денари дневно, Артан Груби ги брои милионите, или дури милијардите би рекла. И бидејќи до толку е понижена Македонија, што нејзиниот премиер дури не е во состојба, односно не смее ниту да си поднесе и потпише оставка, бидејќи за тоа треба да добие дозвола од поголемиот брат, а таа потпишана оставка би значела одење на предвремени избори”, рече Стојаноска.
Стојаноска посочи дека единствено решение се токму изборите, за што граѓаните се свесни за ова криминално дуи кое ќе го казнат со нивниот глас и со тоа ќе дадат простор за ВМРО-ДПМНЕ, партија која што ќе докаже дека не се сите исти.