По завршувањето на куп финалето меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се случи инцидент. Во една мешаница припадник на полицијата од Охрид со пендрак го удри играчот на Вардар Филип Талески по главата, пренесува Република.

Македонскиот репрезентативец тргна да се пресмета, но беше спречен од соиграчите.

Во тој момент некој извика – „што правиш бе будала еден“, по што полицаецот се повлече.