-Ова што се случи со користењето на албанскиот јазик во меѓународна употреба е само капка која што ја прелеала чашата. Бидејќи во Собранието на Република Македонија со претседател Талат Џафери, зборувам еве за овој мандат бидејќи за минатиот мандат не би можела воопшто ниту да дискутирам дали воопшто се работеше за според Устав избран претседател на Собрание, но еве да се осврнеме на овој мандат бидејќи интерпелацијата се однесува на овој мандат. Што би можела да кажам, значи како што реков не се почитува ниту Устав, ниту Деловник, се злоупотребува европското знаменце, ни беше ставено во опасност нашето здравје односно нашите животи со тоа што се овозможи да влезат во Собранието пратеници кои што беа позитивни на КОВИД-19. Институциите во нашата држава се како подрачни единици на Владата, се во нашава држава е подрачна единица на Владата дури и Собранието, дури и судовите, дури и претседателот на државата иако се засебни и независни функции, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Стојаноска додаде дека Уставниот суд не реагира на злоупотребите кои што ги прави власта секојдневно.
-Свесни сме дека не можеме да очекуваме некаква реакција на институциите кои што требаат да реагираат на ова, но она што е во наши можности и она што Деловникот ни го овозможува, а тоа е да побараме интерпелација за работата на претседателот на Собранието. Бидејќи како што реков има многу непочитувања во Собранието, не само на Уставот и на Деловникот туку и на пратениците на опозицијата, начинот на кој што се водат седниците, злоупотребата на европското знаменце, рече Стојаноска.