Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која што истакна дека вицепремиерот Маричиќ воопшто не се ни обидел да се извини по настанот во парламентот и сексистичките напади кон пратеничката што воопшто не доликуваат на вицепремиер и држава која што се стрми кон ЕУ.
„Имаше можност вицепремиерот истиот ден да се извини, бидејќи присуствуваше и на паузата која што ја имавме за малку да се смират страстите, беше тука присутен во сала но воопшто ниту пријде ниту се обиде да се извини, не велам мене на македонската јавност мислам дека ред беше да се извини за чинот што го направи. Да беше било кој во друга држава мислам дека од морални причини истиот ден ќе си поднесеше оставка, или во најамала рака ќе се извинеше“ истакна Стојаноска.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНе, Стојаноска потенцираше дека не може да поверува на однесувањето на вицепремиерот во парламентот во држава која што се стреми кон ЕУ и притоа нема доблест да се извини.
„Не го доживеам тоа на лична основа, туку не можев да си поверувам на очите дека тоа може да се случи сред парламент во држава која што е на патот кон ЕУ, особено не од личност која што е вицепремиер за евроинтеграции. Страшно чувство, но ете немаше доблест ниту да се извини“ нагласи Стојаноска.
Стојаноска потсети и дека имаше ваков сличен случај во февруари месец, сличен случај на седница за пратенички прашање кон нејзината колешка Бети Стаменковска а тогаш дрско се однесувал премиерот, кој што буквално ја понижил со зборовите „ барем мојата жена не е ружна“ каде што пратеничката Бети реагирала и брзо после тоа премиерот и се извинил.
Стојаноска нагласи дека жали што не успеале да ја искористат седницата за теми кои што се важни и само двајца колеги успеале да постават пратенички прашања.