-Прво и основно според уставот член 93, став 5 вели дека доколку се случи изгласување недоверба на Влада, оставка на Влада или распуштање на Собрание, Владата си ја врши својата функција се до изборот на нова Влада, посочи Стојаноска.

Таа додаде дека за време на 17 месеци на оваа Влада, пленарни седници по однос на пратенички прашања се одржале 7. Каде се останатите и за каков контролен механизам ние би зборувале во Собранието.

Стојаноска кажа дека пратениците не би поставувале прашања за следната Влада, туку ние би поставувале прашања за до денес што се случувало со оваа Влада.

-Ние сме во црна зона каде што Владата може да прави се што сака. Да не им се дозволи на пратениците да постават прашања од народот којшто се однесуваат на оваа Влада којашто заминува е очигледно заради тоа што не успеала, заклучи Стојаноска