СДСМ го кочи носењето на Законот за земјоделска поддршка затоа што немаат пари во буџетот, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи овој закон.
Пратеничката Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница зборуваше за работата на Собранието односно како се свикуваат и закажуваат седници и потенцираше дека продолжува лотаријата во Собранието на Република Македонија односно дека едно коло во вистинската лотарија на Македонија трае повеќе од 10 минути односно повеќе отколку Џафери има испланирано ова активно мнозинство во Парламентот да се посвети на вистинска дебата и соочување со аргументи со опозицијата.
-За вчера беа свикани 5 продолженија на 5 пленарни седници, а се отворија само две седници и ниту една од двете отворени точки не се затвори. Инаку во петокот во 17 часот ни стаса порака од Собрание,54 седница на Собранието ќе продолжи на 30 мај во 12 часот, по неа ќе продолжат 64,69, 39 и 71, со нив ќе претседава Горан Мисовски и ова е прв пат по смс порака за тоа кој ќе заседава со закажаните пленарни седници што се надевам и очекувам да стане нова собраниска пракса затоа што Деловникот одамна ниту се применува, ниту се почитува. За денес немавме добиено по смс кој ќе заседава со седниците, но истите се закажани на растојание од по 10 минути што би значело дека нема да има време за ниту еден говор за било која точка затоа што еден говор трае 10 минути, а само исчитувањето на сценариото за започнување на било која седница повеќе од 3 мин. Каква селекција врши претседателот за отварање на точки, а неговиот заменик му ја спроведува, крајно неделовнички и доста дискутабилно. Затоа можам слободно да искоментирам дека продолжува лотаријата во Собранието на Република Македонија, па дури и едно коло во вистинската лотарија на Македонија трае повеќе од 10 минути односно повеќе отколку Џафери има испланирано ова активно мнозинство во Парламентот да се посвети на вистинска дебата и соочување со аргументи со опозицијата. Овде има се само не отворена и овозможена дебата, а најмалку оставен простор за вистинска подготовка, рече Стојаноска.
Таа во текот на своето обраќање говореше и за Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка каде потенцираше дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи овој закон, но секако дека има и забелешки.
Што се однесува до оваа точка која се однесува за Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка поднесен од група пратеници од владечката мнозинство можам да кажам дека и покрај сите дезинформации пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија дава целосна поддршка на истата. Секако дека имаме одредени забелешки, кои секако треба а и ги истакнуваме со нашите дискусии, кажа пратеничката.
Стојаноска истакна дека зад доцнењето на овој закон стои лошиот буџет кој нема капацитет да се изврши тековна исплата на законските предвидените субвенции.
-Јас сепак сметам дека зад доцнењето на овој закон за земјоделството стои лошиот буџет кој нема капацитет за вршење тековна исплата на законски предвидените субвенции. Како така власта си стигна до ребалансот и останува дали со него ќе бидат предвидени овие средства за земјоделците, а конечно и дали ќе бидат исплатени. На овој сомнеж ме води и фактот што пред 3-4 недели на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство немало присутен владин претставник и не се изгласал дневниот ред бидејќи немало доволен број на пратеници од мнозинството. Ова само говори дека мнозинството целно и намерно го кочи ова Собрание во носење на корисни закони особено за земјоделците, а вината невешто ја префрла на опозицијата, додаде таа.