Според неа, не станува збор само за мноштво недонесени закони туку и за многу закони кои се донесени, а не се системски или реформски во било која област дали е тоа земјоделие, образование, здравство и така натаму.
-Во Собранието гледаме само една гласачка машинерија која на 100 дена едвај се собираше во законодавниот дом за да гласа. Затоа велам одговорноста е кај власта, а што се однесува до опозицијата ако зборуваме со пресек до денешен ден блокирани се само два закона. Така што, не можеме да кажеме дека блокирањето е причина затоа што ова Собрание е нефункционално. Не само што е нефункционално туку е и дисфункционално, нема реформи, нема процеси кои би не однеле напред на патот кон добивањето на датум за ЕУ, затоа што се донесуваа само закони кои што значеа задолжување на државата во било која област, заеми кои народот ќе ги плаќа и ќе ги враќа, а за жал ништо не е реализирано од капиталните проекти, изјави Стојаноска.