Треба да му каже некој дека е чест, обврска, одговорност и патриотски чин, што некој се борел за државата. Но, ако некој прави кариера, злоупотребувајќи го тоа и узурпирајќи позиции кои не знае да ги раководи, тогаш тоа е класична злоупотреба и може да се заклучи дека, подобро за државата ќе беше, ако Стојанче не добиел куршум. Правите генерали не споменуваат дали добиле куршуми. Тие ја работат работата што ја знаат. Историјата зборува за нив, наместо нивното трчање по директорски функции и раскажување приказни, вели Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Доколку Ангелов смета дека, тоа што примил куршум, е најважен критериум при избор за функција, а не стручноста, тогаш еве – нека стане и премиер. Секако нема да се воочи голема разлика со овој сегашниов.
Но, најважно… Што да кажат семејствата на тие што погинаа за државава? Преку 200 припадници на МВР и АРМ дале животи за оваа земја, а нивните семејства гордо и достоинствено се соочуваат со загубата и со фактот што, додека вакви како Стојанче “ќаруваат”, тие се борат за живот. Што да кажат семејствата на тие и тие што се стекнале со траен инвалидитет? Или другите, ранети во конфликти или бранејќи ги државните интереси во разни акции? Што да кажат тие кои се бореле и не биле ранети, ама биле во првите редови или биле во единиците за борба и храбро ги штителе интересите на државата?
Го повикувам Стојанче да си ја работи работата и да не кажува многу приказни. Да покаже почит кон семејствата на погинатите, ранетите, но и кон сите припадници на МВР и АРМ. Фактот што бил ранет, повторувам, е еден одговорен и патриотски чин, но да престане да го “наплаќа” тоа и да престане да се глупира. Ако не си ја врши работата и ако продолжи со глупости, луѓе може да настрадаат заради неговата небрежност, нестручност и раскажување приказни. И тогаш никого нема да го интересира за куршумот што го примил и истиот се’уште дебело го “наплаќа”.
Со почит кон сите семејства на припадниците на МВР и АРМ, ВМРО-ДПМНЕ мора да најде начин и да изгради систем со кој државата нема да ги заборава нивните дела и жртви. Само тогаш и само така “упикувањето” кон премиер или партија, како во случајов со Стојанче, и злоупотребата на фактот што бил учесник во конфликтот од 2001-та, нема да биде потребно да се прави и да се потенцира. Државата треба да се оддолжи кон тие лица. А, таквите како Стојанче, во фелата во која се повикува на конфликтот, секогаш ќе бидат предмет на чудење и разочарување.
Повторувам: Стојанче! Или врши си ја работата за која земаш висока плата или сиктер и престани со приказните за ранувањата! Веќе низ нос ни ги извади! Се прашувам, којзнае за што ќе зборуваше, да не беше ранет?!?, пишува Стојаноска на Фејсбук.