Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „За или против“ зборуваше за утрешната седница каде потенцираше дека власта знае дека го нема потребното мнозинство за да се случат  Уставни измени под бугарски дикатат и посочи дека утре е денот кога по втор пат од власта ќе се соочат со реалноста.

Loading… 

-Власта знае дека го нема потребното мнозинство и најмалку што очекувам е утрешниот ден да го остави ако може така да се изразам да триумфира ВМРО-ДПМНЕ односно конечно да се покаже и докаже дека власта ги нема оние 80 пратеници за кои наназад можеби и повеќе од една година ја замараше јавноста па дури и вперуваше прст или рака во поединци од нашата пратеничка група не знам кој ќе гласал за уставни измени, кој бил проевропски и така натаму.Утре е мислам вториот ден за соочување со реалноста, бидејќи првиот  се случи на 24 јули пред да се оди на годишни одмори кога се одвиваше Комисијата за уставни прашања каде нашите членови на таа комисија, меѓу нив бев и јас гласавме против пристапување да се оди кон промена на Уставот и со тоа јавно за прв пат на дело го покажавме нашиот континуиран и непроменет став, така да утре е денот кога повторно имаме можност  истото да го докажеме и покажеме, рече пратеничката.

Стојаноска во текот на своето гостување укажа на тоа дека можно е и треба да се очекуваат повеќе варијанти од страна на претседателот на Собранието затоа што сите многу добро знаат дека тој е вешт во злоупотреба или различни толкувања на деловничките можности.

-Не очекувам власта така да дозволи да триумфира опозицијата туку очекувам повеќе варијанти. Знаеме дека претседателот на Собранието е доста вешт во злоупотреба или различни толкувања на деловничките можности, така мислам дека е чинот на усвојување на дневниот ред кој што е со една и единствена  точка на дневен ред, а тоа е нели пристапување кон промена  на Устав. Мислам дека тука ќе се види дали имаат 80 пратеници, прашање е дали имаат и 70 кои што би гласале за тој дневен ред, вели Стојаноска.

Пратеничката исто така наведе неколку варијанти кои утре можат да се случат во Собранието и  кажа дека можно е во текот на утрешниот ден да не се прејде на чинот на гласање бидејќи со тоа и официјално би завршила и нивната приказна дека имаат 80 пратеници обезбедено за промена на  Устав под ваков бугарски диктат.

-После тоа има повеќе варијанти, дали тука би ја прекинал седницата или слично. Може еве после усвојувањето на дневниот ред тој да ја прекине седницата, ќе каже ќе ве известам за негово продолжување навремено. Може на пример да ја отвори таа точка, да овозможи да се пријават дискутанти, не знам дали тоа би било преку системот односно со самостојно пријавување од место или тоа би било по договор како што тоа се случи на Комисијата за уставни прашања кога имаше повеќе говорници, претежно беа претседатели на политички партии кои што се дел од парламентарниот состав, така да останува да видиме. Но познавајќи колку се малициозни нема мислам да се прејде уште утре на чинот на гласање бидејќи со тоа и официјално би завршила и нивната приказна дека имаат 80 пратеници обезбедено за промена на  Устав под ваков бугарски диктат, со вакви понижувања и оценувања. Можеби само ќе го пролонгираат  тој нивен дефинитивен крај затоа што со чинот на гласање мислам дека нема што повеќе оваа влада да работи и да нуди и да ја замајува јавноста, додаде Стојаноска.