Цело време власта и Ковачевски кажува дека ова е еврокоалиција. Што има европски во тоа да нема леб на рафтовите? Дали е европски да се краде струја од европската преносна мрежа или да не се произведува струја?, запраша пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека од говорот на Ковачевски очекувал повеќе особено по информацијата во јавноста дека плаќате 36 луѓе за да ве фотографираат, снимаат, креваат дронови, пишуваат соопштенија и говори. Неколку дена имам можност да ве слушам, но 80 проценти од говорот ви е ист, затоа престанале да им давате пари на оние кои ви пишуваат исти говори

„Вие немате добиено мандат од никого, најпрво како премиер а второ ова е коалицијата на поразените. Зошто е ова коалција на поразените затоа што партиите кои ја сочинуваат коалицијата се поразени. СДСМ е декласирана на последните локални избори, ДУИ исто така е поразен на последните локални избори. Значи ова е математичка коалиција на поразените“, кажа Стојаноски.

Стојаноски истакна дека европска коалиција е Евро коалиција вас ве интересираат само еврата и немате никаков начин и протокол на однесување

„Јајага Тирон во своето СВ пишал дека познава „Интернет Експлолер. Викторија Аврамоска Мадиќ која беше секретар на град Скопје во кој имаше сомнителни тендери и набавки од август 2022 година вработена е како државен советник во судскиот совет на Република Македонија, како е можно од сите кадри да биде државен советник, таа во вештини и специфики напишала дека разбира интернет. Вјолца Бериша која е професорка во државниот универзитет во Тетово во одделот на Албански јазик и литература ги покрива предметите Историја на Албанска Книжевност современа Албанска поезија , современа Албанска проза и теорија на книжевност што има врска она со заменик министер за земјоделие тогаш таа. Во ЦБ пишала политичка искуство и што тоа ќе им смени на земјоделците. Понатаму министерот универзалец за се Агим Нухиу во неговото официјално СЦ пишал дека има политичко искуство“, изјави Стојаноски.