Потонаа лагите на мнозинството, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Над една година ја малтретираа јавноста со лажни вести, лаги и манипулации. Пукна “балонот” на лагите.
Две работи се јасни:

1. ДУИ, СДСМ и другите од мнозинството имаат само 70 пратеници за промена на Уставот.
Далеку од потребните две третини или 80 пратеници.

2. ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” гласаа ПРОТИВ. Сите 44 пратеници.
Тоа го велиме една година и до крај ќе останеме на тој став.

НЕМА ПРОМЕНА НА УСТАВ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ.
Јасни се работите. Време е за предвремени парламентарни избори, напиша Стојаноски.