Поминаа повеќе од десет дена, а Претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило, изјави денеска пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

Човекот кој прв го потпиша етичкиот кодекс, најгрубо го крши истиот и бега од одговорност вели Стојановска.

-Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал, појасни Стојановска.

Џафери најмалку што можеше да направи е да се извини за ваквото однесување и да си поднесе оставка од функцијата Претседател на Собранието, рече таа.

Стојановска вели дека тие секогаш ќе бидат тука за да го потсетуваат за неговото однесување и работа и дека е еден најнеспособните претседатели.

-Сакаме да му порачаме на Џафери дека колку и да бега од одговорност и да пробува да се заборави овој скандал дека дамката што ја остави зад себе секогаш ќе го прати, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетуваме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособните претседатели што ги имало Собранието. Исто така го повикуваме господинот Панчо Минов да не одолговлекува и да закаже седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која што ќе се расправа за санкции по повот прекршувањето на етичкиот кодекс од страна на Талат Џафери, додаде Стојановска.

Доколку Џафери не понесе одоговрност за ваквото однесување ќе даде до знаење до сите пратеници дека етичкиот кодекс на кој што сите заедно работевме, повеќе не важи во законодавниот дом, појасни таа.