Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и претседетелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска извршија удив во градежните активности на новата детска градинка „Сонце“, – дел од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров. Новата градинка е на површина од 1.600 метри квадратни, а има капацитет за околу 135 деца.
– Пректот е финансиран од Светска банка преку Министерството за труд и социјална политика во поголем дел и дел од она што го завршивме како градежни активности од приближно седум милиони денари од страна на Општината. Успеавме да ги надминеме сите градежни проблеми. Објектот е 1.600 метри квадратни корисна површина, во кој ќе може да се сместат седум групи на дечиња од различна возраст, наведе Стојкоски.
Тој додаде дека по сите стандарди во градинката ќе можат да се сместат над 135 деца.
– Успеавме да ги надминеме недоразбирањата со МТСП бидејќи цела година баравме согласности за нови вработувања за да го отвориме овој објект.Со ова решаваме горлив проблем, со отворање на овој објект очекуваме листата на чекање за упис во градинка да дојде до под 200 дечиња, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.