Александар Стојкоски, новиот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров се заблагодари на своите сограѓани за победата во првиот круг на локалните избори.

На денешната прес конференција која се одржа со почеток од 20:00 часот, претседателот на ДИК официјално ги соопшти сите резултати од првиот круг на локалните избори 2021 година, а како победник уште во првиот круг по преброените гласови за Ѓорче Петров е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.