Во училишните клупи во Општина Ѓорче Петров оваа година за првпат ќе седнат 410 првачиња. За нивниот почеток на образовниот пат општината обезбеди бесплатна опрема и финансиска поддршка.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека за секое прваче се обезбедени анатомски ранец и училишен прибор.

„Заедно со нашите другарчиња од градинката „Росица“ – идните првачиња, ги одбравме анатомските ранчиња и училишниот прибор што ќе ги добие секое дете на почетокот на своето училишно патување“, објави Стојкоски.

Покрај ранците и приборот, за сите 410 првачиња е обезбедена и бесплатна ужинка. Општината ќе обезбеди и еднократна парична поддршка од 3.000 денари за секое прваче по почетокот на учебната година.

„Го олеснуваме товарот за родителите и создаваме убав почеток за нашите најмлади. 410 нови приказни започнуваат оваа есен во Ѓорче Петров! Инвестираме во децата. Инвестираме во образованието. Инвестираме во иднината“, вели Стојкоски.