Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник за општина Делчево е Николчо Стојменовски.

Тој е доктор по ветеринарна медицина, со претходно работно искуство и во Бугарија и во Германија и во општината Делчево.

Тој по објавувањето на кандидатурата порача дека дојде вистинското време за нештата да се променат и работите да тргнат на подобро.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Во текот на вчерашниот ден, Централниот Комитет на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ми ја даде својата доверба, официјално сум кандидат за градоначалник на нашата општина Делчево.

Оваа кандидатура ја темелам на мојата желба Делчево да стане попросперитетна и поразвиена општина во секој поглед. Само со многу работа и целосна лична и колективна заложба ќе го реализираме тоа.

Се надевам дека во предизборниот период мнозинството од вас ќе ја препознаете мојата визија за општината и на денот на изборите истата безрезервно ќе ја подржите.

Ова е наше место, сите сме си свои и добро се познаваме. Затоа ве повикувам сите, од најмлади до највозрасни, да застанеме заедно, рамо до рамо, заеднички да направиме нашето Делчево да биде една успешна приказна која ќе ја наследат и развиваат и идните генерации.

Искрено ваш,
Д-р. Николчо Стојменовски