Тој на прес-конференција по вчерашната средба на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига рече дека се разговарало за стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, пренесува Српскаинфо.
– Регионот измина долг пат од војната во 1990-тите. Сепак, неодамна забележавме зголемување на тензиите, вклучително и на Косово и БиХ, истакна Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО истакна дека „странските актери работат на поткопување на напредокот во регионот“.
– НАТО ќе продолжи да ја промовира стабилноста, безбедноста и соработката во регионот. Се согласивме за важноста на нашето присуство, вклучително и мисијата КФОР на Косово, како и нашите претставништва во Сараево и Белград, рече Столтенберг.