Курц, кој неодамна стана татко, најави дека во 11:30 часот ќе им се обрати на медиумите со лична порака.

Од партиски кругови се слуша дека Курц решил целосно да се повлече од политиката. Него треба да го замени министерот за внатрешни работи Карл Нечамер како лидер на ОВП.

До неодамна се шпекулираше дека Курц би можел да се врати во политичкиот врв откако ќе заврши истрагата против него.

Инаку, Курц успешно ја водеше ОВП до изборни победи со резултати кои партијата не ги памети.

Само на последните избори во 2019 година ОВП освои дури 37 отсто од гласовите.