Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека НАТО е воено посилен од Русија, како и дека Алијансата станала посилна од порано.

„НАТО е најсилната воена сила во светот денес. Ние претставуваме, грубо кажано, околу 50 отсто од вкупната светска воена сила. И ние сме воено посилни од Русија. Во исто време, верувам дека војната во Украина покажа дека има некои сериозни недостатоци. На пример, кога станува збор за одржување, едно е што секој има напредни системи за оружје, но им требаат и резервни делови и одржување. Најблаго кажано, потребна е муниција“, рече Столтенберг на Конференцијата за безбедност во Минхен.