Руските воени сили го гранатираа рускиот град Белгород, кој се наоѓа во близина на границата со Украина. Од Министерството за одбрана потврдуваат дека случајно дошло до инцидентот, за што најавија истрага. Експлозијата создала кратер од 20 метри на една од раскрсниците во градот. Повреддени се две лица, а оштетени се четири автомобили и четири станбени згради. Во меѓувреме сѐ уште траат битките, особено во украинскиот град Бахмут. Володимир Зеленски уште еднаш повика да се прифати украинската мировна формула, која предвидува повлекување на руските трупи од нивна територија.
Володомир Зеленски – Некои лидери воопшто ја немаат посетено Украина и немаат видено што руската агресија донесе овде и зошто е важно да го одбраниме животот. Сепак, само за да постигнат некаков популизам, тие споделуваат некаков став за Украина, дека наводно, не е подготвена да оди кон мир. Тоа е погубна визија.
Од друга страна Кремељ објави дека целта на нивната воена операција е да ја спречат Украина да биде членка на НАТО, откако и денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг кажа дека Украина треба да се зачлени во оваа Алијанса.
Јенс Столтенберг- генерален секретар на НАТО – Очекувам сојузниците на НАТО самитот повторно да се обврзат да ја поддржат Украина онолку долго колку што е потребно со значителна воена поддршка за да се осигура дека Украина преовладува како суверена независна нација во Европа.
Инаку според последните информации што беа обелоденети од Пентагон, Вашингтон ја предупредил Украина дека нејзините војници би можеле да бидат опколени доколку не се повлечат од Бахмут.САД, наводно, го предупредиле Киев уште од јануари дека украинските сили нема да можат да го задржат клучниот град во Донбас – Бахмут и постојано повикувале на повлекување.