Неколку стотици навивачи се собраа пред црквата Свети Сава за да одржат панихида и да им оддадат почит на Србите кои загинаа во Бањска, Косово.
Како што јавува репортерот на српски N1 од местото на настанот, навивачите носат црни маици и дуксери на кои пишува „не се предаваме“, а некои и „Косово е срцето на Србија“. Пред влезот на црквата распослаа и големи транспаренти.
Навивачите на белградскиот фудбалски клуб Црвена ѕвезда запалија свеќи поради настаните на Косово. Денеска требаше да се одигра дербито меѓу Црвена звезда и Партизан, кое беше одложено поради Денот на жалост во Србија.
И Србите на Косово денеска жалат за загинатите сонародници кои се убиени во неделата во Бањска, во престрелка со косовската полиција. Граѓаните на Звечан се собраа пред споменикот на кралот Милутин, запалија свеќи во спомен на убиените Срби.