Во градот се слушаат експлозии. Странските медиуми јавуваат дека Тел Авив бил погоден од ракети за прв пат по 48 часа.

Израелската војска на Твитер потврди дека во Тел Авив и во централниот дел на Израел се огласиле сирени што предупредуваат на ракетен напад. Исто така, објавија снимка од ракетен напад врз градот од страна на Газа.

19 лица биле пренесени во болница откако исламистичките милитанти испукале ракети кон израелскиот град Бершеба.

Луѓето биле повредени додека трчале кон засолништата кога се огласиле сирените, а тројца доживеале шок, објавија израелските медиуми.