-Имајќи го предвид фактот дека кандидатките Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Маннсбарт, и покрај укажувањето од Комисијата за селекција да ја достават  потребната документација, тие тоа не го направиле. Поточно, едната кандидатка не доставила никаков дополнителен документ, а другата доставила сертификат кој  што не соодветствува на меѓународно признаените сертификати утврдени во Законот за култура, предвидени во Јавниот оглас. Со тоа кандидатките повторно не ги исполнија условите на Јавниот оглас, стои во образложението на Министерството за култура.

Се додава дека во извештајот на Државниот Управен инспекторат било констатирано  дека кандидатот Васил Бубев во периодот додека бил директор на НУЦК „Антон Панов“-Струмица,  ги прекршил член 10 од Законот за административни службеници и член 43 став 1 од Законот за вработени во јавниот сектор и затоа министерката Ирена Стефоска одлучила да не избере директор од пријавените тројца кандидати сè до распишување на нов Јавен оглас за избор на директор.

Одговорно лице на установата и понатаму останува досегашниот в.д. директор, Слободан Ѓошиќ.