Вицепремиерот Битиќи, му честиташе на амбасадорот Лозано Гарсија за новото именување, пришто му посака успех за време на мандатот и притоа ги истакна добрите политички односи помеѓу Македонија и Кралството Шпанија.

Дополнително Вицепремиерот Битиќи се осврна и на потенцијалот на  Македонија како дестинација за странските инвестиции, бидејќи ние како земја со последните законски промени го имаме еден од најатрактивните пакети за поддршка на инвестиции во преработувачката индустрија, и истиот е целосно во согласност со ЕУ директивите.

Амбасадорот Лозано Гарсија го потврди интересот на шпанските компании за инвестирање во Македонија, особено во секторите градежништво и во ИТ секторот каде се најприсутни до сега, како и потенцијалот во секторите за третирање на отпадни води и третман на цврст отпад за кои исто така постои голем интерес од нивна страна.

Соговорниците разговара за економската соработка помеѓу двете земји, при што е констатирано дека оваа година, има зголемена трговска активност во однос на претходните години.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Лозано Гарсија за време на состанокот изразија обострана подготвеност да ги продолжат меѓусебните контакти со цел интензивирање на економската соработка и создавање на уште поцврсти односи помеѓу двете пријателски земји.