– Од вторник од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираме улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме Владата да го прифати нашето барање – велат од Угостителското здружение од Струмица и најавуваат дека ако не им се исполни барањето, ќе одат и со поостри мерки. Оттаму посочуваат дека во овие години трпат најголеми последици од кризата и дека е време Владата да донесе нови мерки што ќе бидат и во нивна корист.