Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, утрово ќе биде студено, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.

Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -1 степен.

Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег.