„Ја поздравуваме секоја иницијатива, активизам и борба на сите студенти во било која форма, затоа што само со масовен отпор на сите фронтови за сите проблеми, можеме да се избориме за подобрување на студентскиот стандарт и студентите воопшто“, се нагласува во нивното соопштение.
Студентски отпор, како што велат, го поддржува протестот на студентите кој ќе се одржи денес пред Влада на Р.Македонија во 18:00 часот.