Косовската полиција соопшти дека во граничниот појас меѓу Косово и Албанија, во Кошаре, пронашла околу 20 илјади засадени растенија за кои постои сомневање дека се канабис, пренесува Ора Њуз. Рано утрово полициските службеници биле на местото каде што биле засадени наркотичните растенија.

„Во граничниот појас меѓу Република Косово и Република Албанија, во Кошаре, кај пирамидата Ц4, на територијата на Република Косово, на површина од околу еден хектар, пронајдени се засадени околу 20 илјади растенија. за кои постои сомневање дека е канабис“, информира косовската полицијата.

Според полицијата, за случајот се известени надлежните полициски единици и обвинителот на Основното обвинителство во Ѓаковица. Случајот ќе продолжи да се води во координација со единиците за борба против дрога и правосудните органи“, се наведува во соопштението.