Во соопштението на Комитетот за безбедност на Картум се додава дека 114 лица се уапсени и се соочуваат со судски процес. Демонстрантите повторно протестираа во Картум и други судански градови вчера против воениот удар во октомври, и покрај тоа што безбедносните сили се обидоа да ги блокираат со солзавец и да ги прекинат телекомуникациите.
Безбедносните сили употребиле солзавец за да ја растераат толпата, а Централниот комитет на суданските лекари соопшти дека за време на протестот биле повредени 178 лица, од кои осум наводно биле ранети со боева муниција. Протестите против пучот продолжија дури и откако минатиот месец беше вратен соборениот премиер Абдула Хамдок, а демонстрантите бараа армијата повеќе да не учествува во владата и да се распишат слободни избори.