На бродот на пристанишната управа биле пренесени 15 лица, од кои девет повредени, кои понатаму биле транспортирани во Клиничкиот болнички центар во Сплит.
Според написите, станува збор претежно за странски државјани, а како што се наведува, некои од нив имале крв и гребаници на лицето предизвикани од судирот на пловните објект.
Капетанот Никола Бркусиќ за дел од медиумите изјавил дека два пловни објекти се судриле на милја и пол од сплитската порта, па веднаш по повикот, брод на пристанишната управа испловил од Милна и ги зел повредените патници од бродовите.