Бранителот на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Насер Рауфи, денеска пред судот изјави дека тринаесетте мобилни телефони и лаптопот пронајдени во неговата ќелија не му припаѓале на Камбери. Според адвокатот Насер Рауфи, вистинскиот сопственик самиот се пријавил во затворот. Тој признал дека уредите се негови.

„По вашата забелешка на минатото судење дека Камбери внел телефони, во меѓувреме детектиран е сопственикот на телефоните и лаптопот од страна на затворот, и не е Камбери. Го молам судот да се обрати до затворот за таа информација“, изјави Рауфи, барајќи судот официјално да ја побара документацијата.

Судијката Диана Груевска-Илиевска го внесе неговото излагање во записникот. Таа на минатото рочиште го предупреди обвинетиот Камбери дека може да следуваат казни, меѓу кои и самица, откако во неговата ќелија биле пронајдени 13 телефони и еден лаптоп.