Во вторникот, пратениците во македонското Собрание со мнозинство ја изгласаа интерпелацијата на судијката Весна Дамева, членка на Судскиот совет, како дел од иницијативата на 67 пратеници од владејачкото мнозинство. Минатиот месец, тие поднесоа интерпелации за петмина членови на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Селим Адеми, Павлина Црвенковска, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа – поради наводна неспособност и уривање на довербата во правосудството.
Судијката Весна Дамева со жалби без докази
Весна Дамева од собраниската говорница се бранеше, тврдејќи дека била изложена на политички притисок и закани, но според објави на социјалните мрежи, нејзиниот сопруг, Младен Дамев, во 2016 и 2017 година упатувал закани кон политички противници. Објавите укажуваат на заканувачки речник од Младен Дамев кон личности како Илија Димовски, Богдан Илиевски и Лаки, вклучувајќи фрази дека „ќе бидат е*ени“ и „ќе лежат“, пред да бидат покренати судски процеси против нив.
Еден коментар на Јоци гласи:
„Дамева зборува за закани и притисоци, но каде се доказите? А што со заканите на нејзиниот сопруг кон политички неистомисленици пред и по смената на власта? Од каде знаел кој ‘ќе лежи’ пред да почнат процесите?“
Луксуз под прашалник
И покрај изгласаната недоверба, Весна Дамева останува на својата позиција заедно со другите четворица членови. На социјалните мрежи Јоци истакнува:
„Таа се жали на притисоци, а се шета со фризура и чанти што изгледаат како оригинали од илјадници евра. Без докази за заканите, нејзините зборови личат на чаршиски муабети.“
Дополнително, се поставува прашањето дали судската моќ на Дамева, избрана во 2019 година за време на владеењето на СДСМ, била искористена за остварување на заканите на нејзиниот сопруг.
Обвинувањата одат подалеку – според објавите, заканите на Младен Дамев кон политички противници пред да почнат судски процеси покренуваат сомнежи за интегритетот на Дамева во Судскиот совет.
И покрај изгласаната недоверба преку интерпелацијата Весна Дамева и членовите на Судскиот совет одбиваат да си дадат оставка и остануваат на нивните работни места
Извор: Нетпрес