На 05.01.2024 година во 17:28 часот по локално време на патот Штип-Радовиш кај село Лакавица се случил судар. Во несреќата учествувале две возила: шкода во државна сопственост со скопски регистарски ознаки управувана од Г.А. (53) од Скопје, во која биле министерката Јована Тренчевска (54) и вработената Н.Д.; и Фолксваген Пасат со швајцарски регистарски таблички управуван од М.Ј.(48) од Мокриево, Ново Село, со четворица сопатници.
Возачот на шкодата Г.А., се здобил со повреди како што потврдиле медицински лица од Итната медицинска помош во Штип. Нема информации за повредени на други лица. Полициската управа Штип и јавното обвинителство извршија увид на лице место за настанот.
Извор: NEWS24LIVE