Германскиот уставен суд денеска ја потврди одлуката за задолжителна вакцинација против морбили за деца, пресудувајќи против тужба поднесена од родители.
Во својата конечна одлука на таа тема, германскиот Сојузен уставен суд во Карлсруе тврди дека, иако оваа обврска навлегува во правата на децата и на нивните родители, таа е оправдана поради високиот ризик од инфекција од морбили и потенцијал за сериозна болест.
Со цел подобра заштита од високо заразните морбили, од почетокот на март 2020 година, вакцинирањето е задолжително за деца во градинки и училишта во државата.
Пред да ги запишат, родителите мора да достават потврда за имунизација, а исклучок се само оние деца, кои од медицински причини не може да бидат вакцинирани.