Масовниот убиец Андерс Брејвик не доби условно ослободување.
Норвешкиот окружен суд денеска одлучи дека Брејвик, неонацист кој уби 77 луѓе, мора да остане во затвор, пишува Sky News.
Брејвик (42) тврдеше дека се откажал од насилството и побарал условна слобода, десет години откако беше осуден на 21 година затвор, која може да биде продолжена доколку се смета дека е опасен за околината.
Да потсетиме, на 22 јули 2011 година, десничарскиот екстремист најпрво активираше бомба во близина на владината зграда во Осло, убивајќи осум лица, а потоа уби 69 луѓе, главно млади луѓе, пукајќи во летниот камп на млади на островот Утоја.
Пред неколку недели тој рече дека се откажал од насилството и дека ќе продолжи да се бори за неонацистичките идеи, но на мирен начин.
Во манифестот што го објавил пред нападот во 2011 година, Брејвик јавно признал дека ќе го искористи судењето како платформа за ширење на својата идеологија.
Пред тројцата судии во Скиен тој се поздрави со нацистички поздрав, мавташе со пораки напишани на хартија и одржа долги идеолошки тиради.
Неговата казна во 2012 година е придружена со одредба од најмалку десет години затвор пред да може да поднесе барање за условно ослободување, што било законски максимум во тоа време.
Во принцип, условно ослободување може да се бара секоја година.