Земјата во понеделникот веќе беше известена за 12 нови жалби што стигнале до судот со седиште во Стразбур, се вели во соопштението кое го пренесува ДПА.

Во октомври, полскиот Уставен суд донесе одлука за забрана на абортуси дури и ако нероденото дете има сериозни деформитети.

Полската Влада до средината на септември треба да даде одговори за своите нови правила.

ЕЦХР им даде приоритет на овие случаи. Вкупно, повеќе од 1.000 жалби веќе се поднесени против новите регулативи на Полска за абортус, соопшти судот.