Судството, кое се смета за независно тело од политиката, потврди дека неговата истрага започнала 10 дена пред потезите на претседателот.

Парламентарните партии кои се под истрага, не беа веднаш достапни за коментар.

Една деценија по завршувањето на автократското владеење со револуцијата во 2011 година, која ја поттикна Арапската пролет, Тунис се соочува со најтешкиот тест на својот демократски систем досега.

Претседателот Каис Саид сè уште не назначил нов премиер, ниту прецизираше како ќе се справи со ситуацијата за време на 30-дневниот период кога работата на Парламентот е замрзната.

Постојат индикации за политички тензии низ целата земја, без протести, но со зајакнато присуство на безбедносните сили во центарот на Тунис, додека војската останува во Парламентот, владините и телевизиските згради, кои ги блокираше во неделата.