Портпаролот на локалната жандармерија Хусамедин ал Џабабли изјави дека синоќа во водите на Медитеранот на Тунис биле пресретнати девет обиди за илегална пловидба кон Европа, пренесе агенцијата Анадолија.

– Во акциите фатени се вкупно 223 мигранти кои се предадени на надлежните истражни органи на Тунис, меѓу кои има 111 државјани на Тунис и 112 државјани на други африкански земји, рече Ал Џабабли.

Медитеранските води на Либија и Тунис се најчестиот поморски пат за африканск ите мигранти кои во потрага по подобри услови за живот се обидуваат да стигнат до Европа.

За многу мигранти тој пат е смртоносен.