Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон е подготвен за низа сценарија во Русија, по бунтот „Вагнер“.

-Прерано е со сигурност да се предвиди до какви последици тоа би можело да доведе, но секако дека сме подготвени, како и секогаш, за голем број сценарија, рече Сунак, пренесен од британските медиуми.

Британскиот премиер наведе и дека станува збор за ситуација која неговата земја веќе извесно време ја анализирала и следела бидејќи е свесна за потенцијалните дестабилизирачки ефекти од руската инвазија врз Украина и тензиите меѓу паравоената група „Вагнер“ и режимот на Владимир Путин.

Тој додаде дека Велика Британија внимателно го следи развојот на настаните во Русија.