Рачната машина „спектралит“ ја елиминира потребата од сложена лабораториска опрема, објави израелскиот дневен весник „Тајмс оф Израел“.

Тоа значи дека персоналот на аеродромот, кој во моментот има задача да собира примероци и да ги испраќа во лаборатории, едноставно би имал машина при рака и може да им даде на патниците резултати за 20 секунди анализа.

Системот, кој е тестиран во 36 болници во целиот свет, доби одобрение од Европската директива за медицински помагала за верзија на тестот со брис дозволувајќи го да се користи во целата Европска Унија.

– Ова е важна пресвртница за брзото тестирање, изјави за израелскиот весник Ејал Зимлихман, лекар во медицинскиот центар „Шеба“, кој помогна во развојот на технологијата.

Зимлихман рече дека „спектралит“ има релативно висока точност – од 70 до 80 проценти и ќе биде многу евтин.

– И покрај глобалните напори да се спроведе вакцинацијата, за Ковид-19 сè уште се потребни брзи дијагностички решенија за да се врати животот во нормала, вклучително и меѓународните патувања, и ова претставува важна пресвртница, забележа тој.