Романските власти подготвуваат нова акција за минирање карпи во Дунав со цел да го зголемат протокот на вода кон нуклеарната централа Чернавода, која се соочува со сериозни проблеми поради сушата и драстичното намалување на нивото на реката.

Еден од реакторите во централата е исклучен веќе шест дена, додека, според локалните медиуми, и вториот е на работ да биде затворен.

Првата минирачка акција, спроведена на 2 август, не ги даде очекуваните резултати. Поради тоа, властите планираат да потопат неколку баржи натоварени со околу 500 тони камења, со цел да го променат протокот на водата.

Во меѓувреме, ниското ниво на Дунав предизвикува загриженост и во Унгарија, каде што нуклеарната централа Пакш исто така би можела да се соочи со затворање.