На платото на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на 77-годишнината од основањето на Универзитетот и патрониот празник – 24 Мај.

Активностите ќе почнат со положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, по што во свечената аула на ректоратот  ќе се обрати ректорката на Универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова.

Ќе бидат доделени награди на најдобро дипломираните студенти за учебната 2024/2025 година, како и наградата „26 Јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2024/2025 година.

Најавена е и уметничка програма, како и разгледување на изложбата на графичката мапа и нејзината постојана поставка „Ѕид на креативна азбука“.