Несреќата се случила кај Визбегово

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу четирите жртви во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница, објави „Скопје1.мк“.

Камион преминал во спротивната лента

Според неофицијалните информации, товарно возило со косовски регистарски таблички ја пробило заштитната ограда, преминало во спротивната лента и директно удрило во патничко возило „БМВ“, по што автомобилот се запалил.

Возачот на камионот е приведен

Од МВР информираа дека животот го загубиле Р.В. (51), двајца 20-годишни сопатници и уште едно лице чиј идентитет се утврдуваше. Подоцна беше потврдено дека меѓу загинатите се Ристе Велков и неговиот син Адам. Возачот на камионот, 76-годишен државјанин на Косово, е приведен, а истрагата за причините за несреќата е во тек.