Како што соопшти МВР, пријавениот А.Б., во текот на септември 2021 година на подрачјето на Свети Николе од куќи и помошни простории противправно одзел разни предмети, но набргу потоа бил откриен и приведен во полициска станица. Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.