Светите крстови фатени вчера на Богојавление – Водици, денеска се дел од хуманитарна акција во Кавадарци.
-Се работи за крстовите кои вчера беа фатени од Ѓорѓи Стојков, Ристе Динев и Јовица Дојчиноски. Денеска тие во периодот до 19 часот, ќе бидат поставени на кавадаречкиот градски плоштад. Верниците ќе можат да ги целиваат крстовите и да даруваат. Собраните средства ќе бидат донирани, за лекување на кавадарчанката Марина Ристова, појаснија организаторите, навивачката група Лозари и момчињата кои ги фатија светите крстови.