Инфлацијата во Албанија ќе продолжи да расте и тоа најмногу ќе ги погоди сиромашните.
Ова денеска го соопшти Емануел Салинас, менаџерот на Светска банка во Албанија, на конференцијата за економските движења при презентирањето на последниот извештај на банката.

– Економската неизвесност ќе продолжи да биде присутна и во следните месеци. Владата треба да биде внимателна со трошењето и да внимава на најзагрозените категории граѓани кои се во ризик од сиромаштија, изјави тој.

Во редовниот есенски извештај за Западен Балкан што ја вклучува и Албанија се прецизира дека зголемувањето на цените ги погодува најсиромашните слоеви на општеството, дека пазарот на трудот е подобрен, а невработеноста е намалена за 11,3 отсто.

– Економијата порасна за 6 отсто во првите три месеци од 2022 година, поттикната од потрошувачката, инвестициите и извозот. Пазарот на труд се подобри, а невработеноста падна за 11,3 отсто. Зголемувањето на цените на храната ја поттикна владата да ги зголеми буџетските распределби за поддршка на најранливите групи, како што се сиромашните. Сепак, зголемувањето на цените останува негативно влијание врз сиромашните, стои во извештајот.

го извештајот Салинас, додаде дека приоритет треба да се даде и на образовани